Моменталната состојба на пчелите

Дали пчелите умираат?

Во 2007 година, светот на животната средина беше шокиран од големите смртни случаи со пчелите, главно нарушување на колапсот на колонијата (CCD), каде што пчелите во кошниците целосно исчезнаа. Иако не постојат многу веродостојни статистички податоци за загубата на кошници во Турција, Универзитетот Улудаг ги сподели информациите за процентот на загуба кај пчелите зголемен од 10-20% до 70%, што преставува алармантна стапка.

Сепак, благодарение на помошта од владата и зголемениот интерес за пчеларство и производство на мед, се чини дека вкупниот број на кошници не се намалува, туку се зголемува како што е прикажано во овој графикон.

Обидувајќи се да прочитате што се случува со пчелите само со преглед на броевите може да биде погрешно. Како и во случајот со Турција, многу кошници може да се изгубат поради неколку причини, но може и да се зголемат уште повеќе. Во крајна линија , постојат повеќе од еден фактор на животната средина кои влијаат на здравјето на пчелите и никој не е во корист на пчелите. Треба да сториме се што можеме за да смениме  било кој фактор за да им помогнеме на пчелите.

Што ги убива пчелите – и зошто е тоа важно

Кога во некоја работа има повеќе причини, обично е случај тие причини да се меѓусебно поврзани на сложени начини;  не е  толку едноставно како исклучување на еден или два проблема и целиот проблем да го снема. Едно поедноставен пример е тековното масовно умирање на зимзелените дрвја поради бубачки под кората на дрвјата. Ова една причина, но треба да се реши. Бубачките се ендемични за четинарите, но континуираната суша е таа што  предизвикува дрвјата да бидат подложни на овие бубачки. Без суша, дрвјата ќе се борат со бубачките. Без бубачките, дрвјата можеа да ја пребродат сушата. Но, обете заедно, и претставуваат закана и значи дека дрвјата не можат да се одбранат. Ова е веројатно тематски слично на она низ што пчелите минуваат.

Системската природа на проблемот го прави сложен, но не и неразбирлив. Научниците знаат дека пчелите умираат од различни фактори – пестициди, суша, уништување на живеалиштата, дефицит на исхраната, загадување на воздухот, глобално затоплување и многу повеќе. Многу од овие причини се меѓусебно поврзани. Во крајна линија, ние знаеме дека луѓето во голема мера се одговорни за двете најистакнати причини: пестициди и губење на живеалиштата.

Работните пчели (женски род) живеат околу шест недели во лето и неколку месеци во зима. Колониите континуирано произведуваат нови работни пчели во текот на пролетта и летото, а потоа репродукцијата се забавува во текот на зимата. Вообичаено, пчелната кошница или колонијата ќе се намали за 5-10 проценти во текот на зимата и ќе ги замени оние изгубени пчели во пролетта. Во лоша година, пчелната колонија може да изгуби 15-20 проценти од своите пчели.

Пестициди и пчели

Биолозите пронајдоа повеќе од 150 различни хемиски остатоци во пчелниот полен, смртоносен “коктел од пестициди”, според пчеларот од Универзитетот во Калифорнија, Ерик Мусен. Покрај тоа, живеалиштата на дивечот се намалува секоја година, бидејќи индустрискот агробизнис ги претвора тревните површини и шуми во монокултурни фарми, кои потоа се контаминирани со пестициди. За да го смениме падот на светот на пчелите, треба да го поправиме нашиот дисфункционален и деструктивен земјоделски систем.

Решенија кои ќе ги спасат пчелите

Активностите  можат да го обноват и заштитат пчелите во светот. Еве  за почеток:

  1. Забрана за седумте најопасни пестициди.
  2. Заштита на здравјето на опрашувачите преку зачувување на живеалиштата.
  3. Обновување на еколошкото земјоделство.

Еколошкото, органско земјоделство не е ништо ново. Тоа е начинот на кој најголемиот дел од земјоделството се вршело во текот на човечката историја. Еколошкото земјоделство се спротивставува на уништувањето на инсектите преку избегнување на големи монокултури и зачувување на различноста на екосистемите. Еколошкото земјоделство ги обновува хранливите материи во почвата со природни системи за компостирање, го избегнува губењето на почвата со ерозија на вода и ветер,и ги избегнува пестицидите и хемиските ѓубрива.

Со обновување на пчелните популации и поздравите пчели, еколошкото земјоделство го подобрува опрашувањето, кое за возврат ги подобрува приносите на културите. Еколошкото земјоделство ги користи природните екосистемски услуги, филтрација на вода, опрашување, производство на кислород и контрола на болести и штетници.

Што можеме да научиме од Европа за зачувување на пчелите

Научниот извештај на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) утврди дека трите широко употребувани пестициди – никотински-базирани клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам – претставуваат “висок акутен ризик” за пчелите. Никотиноидните пестициди, кои се користат во почвите, на зеленило и се вградени во семињата, опстојуваат во сржта на токсичниот коктел од пестициди пронајден во пчелните кошници. Трите неоникотиноиди делуваат на  нервните системи на инсектите. Се акумулираат во индивидуалните пчели и во рамките на целата колонија, вклучувајќи го и медот со кој пчелите се хранат за да опстанат ларвите на новороденчињата. Пчелите кои не умираат целосно, доживуваат смртоносни системски ефекти, дефекти во развојот, слабост и губење на ориентацијата. Умирањето допридонесува до опстанок на помалку пчели и послаби пчели, кои мора да работат понапорно за да произведуваат мед во дивите живеалишта. Овие услови ја креираат кошмарната формула за колапс на пчелната колонија.

 

На 23 март 2017 година, Европската комисија им достави на земјите-членки свои нацрт-прописи за забрана на неоникотиноиди. Гласањето на земјите-членки ќе се одржи во мај. Во рамките на процесот на Комитологија, Европската комисија во Постојаниот комитет за растенија, животни, храна и добиточна храна  презентираше 3 нацрт-прописи за забрана на 3 неоникотиноиди кои убиваат пчели во цела Европа. Имидаклоприд, Клотианидин и Тиаметоксам нема да бидат одобрени со исклучок за постојани оранжерии кои се наводно целосно затворени системи. Кога Европската комисија (ЕК) ги ограничи 3-те неоникотиноиди во 2013 година, производителите (Bayer за имидаклоприд и clothianidin и Syngenta за тиаметоксам) беа побарани да достават до ЕК т.н. “потврдни податоци” до 31 декември 2014 година. Врз основа на овие податоци, Европскиот орган за безбедност на храната (EFSA) спроведе испитување и ја ажурира својата проценка на ризикот. Информациите обезбедени од Syngenta не беа доволни за да се подобри проценката на ризикот и поголемиот дел од ризиците не можеа да се карактеризираат: “висок ризик не може да се исклучи” заклучи EFSA. Од друга страна, агенцијата идентификуваше нови високи ризици за пчелите во врска со Бајеровиот clothianidin и имидаклоприд.

Високиот ризик од овие 3 хемикалии е поврзан со фактот дека тие се најмоќните и системски инсектициди што некогаш биле произведени од страна на агрохемиската индустрија. Нивното присуство е постојано во почвите. Поради тоа што се системски, преку остатоците од почвата се апсорбираат од наследните култури, како и од цветните плевели во близина на третираните култури. Тие ги контаминираат водотеците и сега можат да се најдат насекаде во животната средина. Нектарот на дивите цвеќиња е контаминиран, како и дождовната вода! Мартин Дермин, Пан Европски координатор на истражувачкиот проект за опрашување изјави: “Неоникотиноидите веќе повеќе од 20 години ги деградираат медоносните пчели, како и дивите опрашувачи во Европа. Овој предлог од Комисијата е прв чекор за признавање на оваа долга борба за еколозите и пчеларите. Количината на научни докази за токсичноста на овие инсектициди е толку висока што не постои начин овие хемикалии да останат на пазарот. Ова не е претпазливост повеќе: ова е превенција е да се избегне продолжувањето на оваа еколошка катастрофа.

Кајнак: Anadolu Ajansı, Greenpeace, PAN (Pesticide Action Network) Europe

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.

Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт

Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите

Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи

Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари

Образовни ресурси
Статии
Фотографии
Видеа

 

 

 

 

Финансирано од Еразмус+ програма на Европската Унија. Сепак, Европската Комисија и Турската Национална Агенција не се одговорни за информациите содржани овде.