Што може да сториме?

Хобисти

Пчеларите-хобисти се луѓе кои имаат пчелни семејства, но нивниот приход не зависи од приходот од бројот на пчелните семејства. Бидејќи нивниот живот не зависи од пчеларството, тие не работат под влијание на пазарот и не треба да произведуваат одредена количина на пчелни производи за да заработуваат за живот. Тие можат да бидат отворени за примена на нови идеи.

Сето ова може да биде од голема предност за еколошките пчелари. Додека професионалните пчелари се поконзервативни во обидот за еколошки методи поради стравот од губење на приходот, хобистите можат да го трасираат патот до еколошкото пчеларство и можат да влијаат на другите да го следат нивниот пример.

Хобистите исто така се послободни во изразувањето на своите мисли и идеи бидејќи не се дел од профитните мрежи.

Што можете да направите за да им помогнете на пчелите ако сте хобист:

1. Додајте неколку традиционални кошници со пчелни семејства во вашиот пчеларник и следете го исходот (Вие можете да видите различни видови на традиционални пчелни семејства од овој линк)

2. Обидете се да не интервениратена некои од вашите кошници со пчелни семејства и да го споредите исходот со останатите пчелни семејства. Оваа практика ќе ви овозможи да ги анализирате ефектите од вашата интервенција, без разлика дали тоа е апликација за пестициди, хранење и сл.

3. Истражување на нови методи и развој за еколошко пчеларство

4. Документирајте ги вашите експерименти и споделете ги резултатите.

5. Креирајте нова свест со вашето знаење и искуство.
Вашата мудрост ќе биде многу поценета ако се базира на искуство, а не на книжевно знаење. Посетете ги другите пчеларници, соработувајте со организации, разговарајте со земјоделците.

6. Лобирање во име на пчелите
Хобистите немаат врски со непрофитни пчеларни организации, па затоа се слободни да лобираат во име на еколошкото пчеларство.

7. Имајте блог или споделете ги вашите искуства преку социјалните медиуми, па повеќе луѓе ќе бидат свесни за постоењето на пчелите,и еколошко пчеларство.

8. Придружете се на НВО која ги промовира еколошките практики на пчеларство.

9. Создатете и организирајте групи поддржани од заедницата (CSA) за да ги поврзете производителите и потрошувачите. На тој начин, потрошувачите ќе имаат директен пристап до производителот, а производителот ќе добие фер удел за неговата работа и ќе биде поттикнат да практикува повеќе еколошки методи.

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.

Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт

Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите

Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи

Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари

 

 

 

 

Финансирано од Еразмус+ програма на Европската Унија. Сепак, Европската Комисија и Турската Национална Агенција не се одговорни за информациите содржани овде.