Турција

1.Вовед

Во последните години Турција е позната како главен производител на мед и пчелин восок во светот, што е второ место во производството на мед веднаш по Кина1. Всушност, со боровиот мед добиен од густите борови шуми кои ја покриваат провинцијата Мугла, Турција произведува 92% од светскиот боров мед2. Според Државниот завод за статистика, во 2016 година се собрани 105.727 тони мед, а во Турција има 84.047 регистрирани пчелари и 8 милиони кошници со пчели. (Табела 1)

Во однос на бројот на колонии, Турција, всушност, е рангирана на прво место меѓу земјите што произведуваат мед во светот. Но, во однос на бројот на кошници со пчели за производство на мед, Кина е рангирана на прво место со 22%. Индија е на второто место со 14%, додека Турција е рангирана на трето место со 8 %. Иако бројот на пчелни кошници и нивотоо на производство во Турција постојано се зголемува, просечното производство на мед по кошница се менува од 14 до 17 килограми, а оваа бројка е во однос на  светскиот просек од 20 килограми.

2.Пчеларски организации, поддршка и сертификација

Секој пчелар во Турција кој има најмалку 30 колонии мора да се пријави во Здружението на пчелари во нивниот град, а 98% од пчеларите се регистрирани во Турската асоцијација на пчелари. Сите здруженија во 81 турска провинција се управувани од страна на  Централната пчеларска асоцијација во Анкара. Како член на Здружението, пчеларите автоматски ги осигуруваат сите колонии, особено во случај на транспортните несреќи при мигрирачките активности. Тие исто така можат да испратат примерок од медот во Институтот за Земјоделска администрација за истражување на пчеларството и Hacettepe Универзитетот за лабораториски анализи (дијагностички болести или хемиска анализа, анализа на полен ) бесплатно. Членството во Здружението,овозможува пчеларите  да земат заем од Земјоделската банка на Република Турција (TCZB) за развој на пчеларници за колонии, а исто така можат да се приклучат на семинари и курсеви за едукација организирани од Здружението.

Пчеларните активности во Турција се поддржани од различни институции на државата. Првата иннституција е Министерството за храна, земјоделство и сточарство. Под услов пчеларите да се регистрираат во системот за пчеларството во Турција и да има 30 целосни пчелни кошници, исплатата од 10 TL (€ 2,2) за полна кошница се исплаќаат на производителите кои се членови на Здружението за пчеларство. Освен тоа, на пчеларите кои се регистрирани во системот за оранжерии и кои имаат бумбари за  природно опрашување во оранжериите се обезбедуваат 60TL (13,6 €) по колонија. 40TL (€ 9,1) се обезбедува по пчелна кошница за развој и заштита на генетскиот фонд. Исто така, износот за поддршката дадена за органско пчеларство изнесува 5 TL (€ 1,1) по кошница. Овие поддршки се обезбедени од страна на Министерството за храна, земјоделство и сточарство. Министерството за шуми и води  исто така е одговорно за регулирање на пчеларните прашања што се спроведуваат во шуми или области поврзани со шумите, како што се пасиштата. Генералниот директорат за шумарство е главната единица во рамките на Министерството за шума во врска со пчеларството. Ако пчеларите сакаат да ги чуваат своите пчелни семејства внатре или близу до шумите, тие треба да имаат дозволи од овој оддел. Ова е случај и со националните паркови.

Пчеларството во Турција исто така е поддржано од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД Инструмент за претпристапна помош за рурален развој). Во рамките на поддршката, се обезбедуваат консултантски услуги, кои се потребни за физибилити студии, купување на основни машини и опрема и модернизација на претпријатија за производство, складирање и преработка на пчелни семејства, мед и други пчелни производи. За таа цел, 50% од трошоците од 5000 до 250000 евра се дадени во форма на грантови. Пчеларските заеми им се даваат на производителите кои се регистрирани во системот за регистрација на пчеларството на Земјоделската банка на Република Турција (TCZB) и имаат произведено најмалку 50 целосни пчелни семејства или се подготвени да го зголемат бројот на целосни пчелни семејства до 50 и повеќе.

Законот за органско земјоделство го регулира производството на органски мед и скоро сите прописи се во согласност со нормите на ЕУ. Турското органско производство на мед е многу мало, но сепак интересот за органско пчеларство е зголемен во последниве години.

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.

Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт

Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите

Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи

Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари

 

 

 

 

Финансирано од Еразмус+ програма на Европската Унија. Сепак, Европската Комисија и Турската Национална Агенција не се одговорни за информациите содржани овде.