За проектот

“Live and Let Bee” е проект кој се фокусира на холистичкото добро за пчелите, а не на луѓето кои ги користат пчелните производи. Еден од првите показатели за еколошка деградација и проблемите во природата е негативниот ефект врз пчелното население. Глобалните климатски промени, загадувањето на животната средина, намалувањето на природните територии под притисок на човекот ги ослабуваат пчелите и ги прават поподложни на болести. И кога сметате дека синтетичките хемикалии понекогаш погрешно и непотребно се употребени од страна на фармерите и пчеларите, од прекумерното и непотребно лекување на кошницата/колонијата, може да се разбере сериозноста на опасноста со која се соочуваат пчелите.
“Намалувањето на пчелната популацијата неповратно ја оштетува рамнотежата на природата и ја загрозува нашата храна.”
Пчелите не прават само мед, туку и обезбедуваат производство на две третини од храната потребна за да се одржат безброј живи суштества преку опрашувањето на растенијата. Намалувањето на пчелното население неповратно ја оштетува рамнотежата на природата и ја загрозува нашата храна. Затоа, од исклучително значење е да се информираат сите сегменти на општеството за моменталната состојба на пчелите, да се подигне свеста и да се развие одржлива земјоделска политика во однос на пчеларството.
Со Live and Let Bee: Обука за еколошко пчеларство, финансирана од програмата Еразмус + на Европската унија, имаме за цел да ги поддржиме пчелите, кои се едни од најважните елементи на екосистемот, да се спречи практиката која им штети на пчелите и ширење на подобри методи кои би можеле да се практикуваат од сите, без разлика дали се урбани или рурални.
ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ
Теренска Работа и Документација за Постоечките Еколошки / Традиционални Пчеларни Методи во Партнерските Земји
Проектот започна во декември 2015 година и патувањата на терен беа организирани за пчеларници кои практикуваат еколошко пчеларство во четирите земји-партнери. Постоечките пчеларни методи беа испитани и документирани
Дисеминација на Знаењето за Еколошкото Пчеларство во сите сегменти на општеството
Секој партнер спроведе сеопфатна комуникација çalışması преку своите медиуми и социјалните мрежи за да го дисеминира еколошкото знаење за пчеларството.
Обука за Еколошко Пчеларство
35 лица од четирите земји-партнери учествуваа на обуката на 4-8 декември 2017 година во Измир,Турција.
Веб-страница за Еколошко Пчеларство
Еден од најголемите проблеми за еколошките пчелари е тешкотијата во пристапот до точните информации. Бидејќи пчеларството е голем пазар во однос на продажбата на хемикалии и опрема, непрофитните информации базирани на истражување се многу ограничени. За таа цел, се создаде сеопфатна веб-страница која ги опфаќа сите сегменти на општеството.
Конференција за Еколошко Пчеларство
Првата конференција која се фокусира на пчеларството во Турција, беше организирана на 9 декември 2017 година во Измир.

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.
Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт
Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите
Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи
Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари
Образовни ресурси
Статии
Фотографии
Видеа
Презентации
Направете разлика